top of page


Самостојна изложба на охридскиот уметник Тони Попов по повод 15 години од самостојните претставувања пред публиката
🎨 По повод 15 години од своите самостојни претставувања пред публиката, охридскиот уметник Тони Попов ќе се претстави со самостојна изложба на уметнички дела. 📅 Отворање: 15 јуни 2026 📍 Изложбен салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид Изложбата ќе биде отворена за посетители до 28 јуни 2026 година. Добредојдовте да бидете дел од ова значајно одбележување на творечкиот пат на еден од современите охридски уметници.


Самостојна изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска
🎨 Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во самостојната изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска. 📍 Локација: „Летница“ Точниот термин за отворањето ќе биде дополнително објавен. Следете нè за повеќе информации.


Самостојна изложба на Славица Танеска - „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“
🎨 Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Славица Танеска „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“. 📅 13 јуни 2026 🕗 20:00 часот 📍 НУЦК „Григор Прличев“, Охрид Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ е моја 13 самостојна изложба. Темата на изложбата е поврзана со мои долгогодишни истражувања кои прво започнаа со прикажување на птици, за потоа да преминат конкретно во петли. Петлите поставени во борба се всушност само сим
bottom of page






