top of page
КултураОхрид.png

Самостојна изложба на Славица Танеска - „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“

  • 4 days ago
  • 2 min read

🎨 Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Славица Танеска „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“.


📅 13 јуни 2026

🕗 20:00 часот

📍 НУЦК „Григор Прличев“, Охрид


Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ е моја 13 самостојна изложба. Темата на изложбата е поврзана со мои долгогодишни истражувања кои прво започнаа со прикажување на птици, за потоа да преминат конкретно во петли. Петлите поставени во борба се всушност само симбол и алегориски приказ на борбите на луѓето. Кога ќе погледнеме во историјата, ќе забележиме дека човекот од секогаш бил во борба. Прачовекот веројатно бил во борба со оние од другите племиња, понатаму со текот на еволуцијата борбите се усовршувале и стигнувале до најмасовни и најголеми како Првата и Втората светска војна. Ако погледнеме и денес ќе видиме дека светот сеуште е во војни конфликти и раздор меѓу себе. Борбите на човекот секако дека се повеќе од само војните, човекот не ретко има и свои лични битки кои ги води конфликти од најразличен тип, со разни „непријатели“ или пак можеби, пријатели, па дури и борби помеѓу браќа, сестри или партнери... Насловот на изложбата е инспириран од тоа дека колку и да има борби, на крај никогаш немаме конечен победник или пак некој што има крајна корист, туку секогаш бробите тераат на нови борби и нови загуби. Поднасловот на изложбата пак е подлабок и е насочен кон уметничкото истражување кое што сеуште и после волку години работа е отворено дело на кое секогаш може да се дополни со нови гледишта кон темата која е неисцрпна и секогаш останува отворена. Во изложбата има преобразби на начинот на сликање и стиловите исто како во историјата на уметноста, бидејќи и уметноста под различни влијанија и промени на човештвото, вклучувајќи ги тука и борбите, се менувала. Така сликите започнуваат од реалистичен приказ на нештата, мир и хармонија, а понатаму се менуваат вклучувајќи дрипинг (фрлање на боја), енергично сликање, а на крај завршуваат со инсталации како одраз на новото време и изразот во него. Петелот се деконструира од приказ, слика до пердув односно основното нешто до кое тој може да биде разложен.


Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page