top of page


Литературна манифестација: Раскажи ми за Езерото
Носител на проектот: ЕДУКА МАК – Скопје Програма „КУЛТУРАТА РАСТЕ СО ДЕЦАТА“ - наменета за деца од 3 до 12 години ПРВ ДЕЛ (ПРЕТПЛАДНЕ) ДАТУМ: 19.06.2026 (петок) ВРЕМЕ: 10.30 до 12.00 часот МЕСТО: ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид, објект „Централна“; УЧЕСНИЦИ: Деца од 5-6 години (две групи), воспитувачи, педагог, директор; Содржина: Едукативно - интерактивна работилница со помош на сликовница и креативно - ликовна работилница со помош на тест работни листови; Краток опис на акти


Самостојна изложба на охридскиот уметник Тони Попов по повод 15 години од самостојните претставувања пред публиката
🎨 По повод 15 години од своите самостојни претставувања пред публиката, охридскиот уметник Тони Попов ќе се претстави со самостојна изложба на уметнички дела. 📅 Отворање: 15 јуни 2026 📍 Изложбен салон при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид Изложбата ќе биде отворена за посетители до 28 јуни 2026 година. Добредојдовте да бидете дел од ова значајно одбележување на творечкиот пат на еден од современите охридски уметници.


Чалгиски звуци во чест на Климе Садило
🎶 Во чест на Климе Садило, ве покануваме на музичка вечер исполнета со автентични чалгиски звуци и богато музичко наследство. „Чалгиски звуци во чест на Климе Садило“ 📅 14 јуни 🕢 19:30 часот 📍 Предворје на црквата „Св. Софија“,Охрид Уживајте во вечер посветена на еден од најзначајните чувари и промотори на македонската староградска и чалгиска музичка традиција.


Антички театар: адаптивен континуитет“
13.6.2026 (саботa) Со цел да се отвори поле за дијалог помеѓу архитектите, институциите, локалната заедница и пошироката јавност во однос на интеграцијата на заштитеното културно наследство во современиот начин на живот, АРХРИД колектив со задоволство ве поканува да присуствувате на настанот „Антички театар: адаптивен континуитет“. Овој настан е финансиски поддржан од Општина Охрид и се реализира во рамки на програмата за активности во областа на кутурата во Општина Охрид за


Самостојна изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска
🎨 Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во самостојната изложба на уметнички дела од Стефанија Алачкоска. 📍 Локација: „Летница“ Точниот термин за отворањето ќе биде дополнително објавен. Следете нè за повеќе информации.


Самостојна изложба на Славица Танеска - „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“
🎨 Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на Славица Танеска „Борба без победник, отворено дело на преобразби и раскол“. 📅 13 јуни 2026 🕗 20:00 часот 📍 НУЦК „Григор Прличев“, Охрид Борба без победник – отворено дело на преобразби и раскол“ е моја 13 самостојна изложба. Темата на изложбата е поврзана со мои долгогодишни истражувања кои прво започнаа со прикажување на птици, за потоа да преминат конкретно во петли. Петлите поставени во борба се всушност само сим


Детска театарска претстава „Далматинко“
🐶🎭 Овој петок ве очекува уште една незаборавна детска авантура! Во рамки на проектот „Културата расте со децата – за сите деца“, на плоштад „Вангел Наумоски“ (Мини Маркет), со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи детската театарска претстава „Далматинко“ во изведба на Театар Хит од Скопје. Ве покануваме заедно да уживаме во вечер исполнета со смеа, игра и детска магија под отворено небо! ✨ 📅 Петок 🕖 19:00 часот 📍 Плоштад „Вангел Наумоски“ (Мини Маркет) Ве очекуваме!!


3 ТИ ДЕТСКИ ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ
📚✨ Младите зборуваат со гласот на Прличев! ✨📚 Организацискиот Одбор на манифестацијата „3. Детски Прличеви беседи“, во соработка со Општина Охрид, Ве поканува на свеченото доделување на наградите и објавувањето на најдобрите творби од конкурсите за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија. 🗓️ 9.6.2026 (вторник ⏰ 13:00 часот 📍 Спомен-куќа на Григор Прличев – Охрид Оваа манифестација претставува вистински празник на македонскиот јазик, литературата, бес


ПУКА КОЗМЕТИКА во Охрид
УРБАН РИТАМ. АВТЕНТИЧЕН ГЛАС ТРИ ДЕЦЕНИИ ИСТОРИЈА На 30.05.2026 година градот ќе дише во ритамот на урбаната култура преку настан што носи музика, приказни, став и креативна енергија. Покрај концертното претставување, публиката ќе има можност да присуствува и на ексклузивна слушачка промоција на плочата „30 год. Пука Козметика“ — музичко патување низ три децении урбан звук, текст и генерациски бунт преточени во музика што оставила трага. Настанот продолжува со интерактивни хи


Приказна за една Охридска свадба
Промоција на филмот „Приказна за една Охридска свадба„ - 30.05.2026 во 19часот во манастирот св.„Недела“ - Оровник.


Детско комично шоу - gjurchinowsky show
ВРЕМЕ Е ЗА ШОУ! Највеселиот хаос пристигнува во градот! Gjurcinowsky носи шоу полно со смеа, магија, жонглирање и изненадувања што децата нема да ги заборават! Подготви се за: 🎭 комедија 🎪 жонглирање 😂 интеракција 🔥 и спектакуларно финале на 2 метри висок моноцикл! Охрид Мол наскоро станува центар на детската забава! Овој петок 29.05.2026 со почеток од 19часот.
bottom of page






