top of page
КултураОхрид.png

Литературна манифестација: Раскажи ми за Езерото

  • 4 days ago
  • 2 min read

Носител на проектот: ЕДУКА МАК – Скопје


Програма „КУЛТУРАТА РАСТЕ СО ДЕЦАТА“ - наменета за деца од 3 до 12 години


ПРВ ДЕЛ (ПРЕТПЛАДНЕ)


ДАТУМ: 19.06.2026 (петок)


ВРЕМЕ: 10.30 до 12.00 часот


МЕСТО: ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид, објект „Централна“;


УЧЕСНИЦИ: Деца од 5-6 години (две групи), воспитувачи, педагог, директор;


Содржина: Едукативно - интерактивна работилница со помош на сликовница и


креативно - ликовна работилница со помош на тест работни листови;


Краток опис на активноста: Промоција на сликовницата; Се чита сликовницата наглас во


делови и по наслови. Додека се чита, на видео проектор се листаат страниците со


илустрациите од сликовницата (со помош на пп-презентација), се поставуваат прашања


после секој наслов за да се утврдат предзнаењата и помнењата на децата; Се делат квиз


- работни листови, децата одговараат со заокружување на цртежот (точно/неточно);


Давање одговори на поставеното прашање од страна на реализаторот на


работилницата; Се делат црно - бели цртежи, децата бојат во соодветната боја и


доцртуваат што недостасува; Драмска игра или музичка точка поврзана со езерото


подготвена од воспитувачите по претходно подготвено сценарио;


Завршна активност: Усмен разговор со прашања фронтално, групно и индивидуално со


ЕКО ПОРАКИ за 21 јуни - Денот на езерото – што научивме од книгата РАСКАЖИ МИ ЗА


ЕЗЕРОТО? Прошетка до езерото со цел потврдување на наученото.


Потребни реквизити и ресурси: озвучување, проектор, примероци од сликовницата,


работни листови, боици.


Продолжена активност: Книгата за деца - богатство на информации; Книжевен


хепенинг.



ВТОР ДЕЛ (ПОПЛАДНЕ)


ДАТУМ: 19.06.2026 (петок)


ВРЕМЕ: 19.00 часот


МЕСТО: Плоштад „Вангел Наумовски“ - Охрид


УЧЕСНИЦИ: Деца од различна возраст (6-10 години) - ученици од одделенска настава од


основните училишта во Охрид, деца и ученици во публика (неограничен број),


родители, наставници;


Содржина: ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „Раскажи ми за езерото“ од страна на


промотор. Едукативно - интерактивна работилница со помош на сликовницата и


креативна работилница со помош на тест - работни листови;


Краток опис на активноста: Промоторот говори за содржинско-едукативните аспекти на


сликовницата. Се чита сликовницата наглас во делови и по наслови. Додека се чита, на


видео проектор се листаат страниците со илустрациите од сликовницата (со помош на


пп-презентација), се поставуваат прашања после секој наслов за да се утврдат


предзнаењата и помнењата на децата; Се делат квиз - работни листови, децата


одговараат со заокружување на одговорите на прашањата (точно/неточно). Групно


поставување прашање од страна на реализаторот на работилницата; Драмска игра или


музичка точка поврзана со езерото подготвена од наставниците по претходно


подготвено сценарио;


Завршна активност: усмен разговор со прашања фронтално, групно и индивидуално со


ЕКО ПОРАКИ за 21 јуни - Денот на езерото – што научивме од книгата РАСКАЖИ МИ ЗА


ЕЗЕРОТО? Раскажи ти ако знаеш некоја приказна за езерото!


Потребни реквизити: озвучување, проектор, примероци од сликовницата, работни


листови, боици.


Продолжена активност: Книгата за деца - богатство на информации; Книжевен


хепенинг. 


Настап на детскиот музички фестивал Весели ѕвончиња by Jana

Comments


КултураОхрид.png

Следи ја културата.

Доживеј го Охрид.

  • Instagram
  • White Facebook Icon

Проектот е финансиран од Општина Охрид

© 2026 Културен информатор. Сите права се задржани.

created by Creatista.mk

bottom of page